Консултации | OEMVP Консултации – OEMVP
Консултации

УСЛУГИТЕ КОИ ШТО ГИ НУДИМЕ ЗА НАШИТЕ ЧЛЕНКИ

Мобилизација на фондови

Нашата стручност вклучува подготовка на пријави за повици за финансирање во земјата и странство, од домашни до странски извори на финансирање. Посебен фокус на нашите консултанти се средства од Инструментот за Претпристапна Помош (ИПА) со компонентата за рурален развој (ИПАРД), други програми на Европската Унија (ЕУ), Соеднинетите Американски Држави (САД), други билатерални донатори, интернационални финансиски институции итн.

Ние работиме со нашите членови од почетокот до самиот крај на подготвување  на квалитетна пријава, а во меѓувреме вклучувајќи внатрешни и надворешни консултанти.

Стратешко планирање и совети

Во делот за стратешко планирање и совети , ние ги поседуваме најдобрите внатрешни и надворешни консултанити со практично искуство за поддршка на стратешки насоки за клиентот.

Во согласност со потребите на нашите членови ги дефинираме стратешките насоки, преку анализи и создавање на стратешки план во соглаcност со областа на делување. На барање на клиентот, ги дефинираме плановите за делување за операционализација на стратешкиот план.

Стратешкото планирање не е само создавање на стратешки план, туку и бара долгорочни анализи, проценки и операција. Затоа, нашите консултанти се во постојана комуникација со членовите, за изнаоѓање на решенија по мерка и прилагодување кон потребите на компанијата во било кое време.

Менаџирање на активности

По барање на нашите членови, ние обезбедуваме поддршка во извршувањето на активностите на клиентот. Услугите може да бидат во областа на менаџирање на проекти и програми како и реализација на директните активности.

Ние обезбедуваме директна поддршка за менаџирањето за донесување на одлуки за инвестирање на членовите, финансиско планирање, пријавување за надворешни фондови и ревизии. Исто така, обезбедуваме поддршка во менаџирање на човечките ресурси.

Обуки и консултации

Тимот на СКСЗМ, заедно со надворешните консултанти, поседува огромно искуство во создавање на модули и обезбедување на обуки. Обуките се специфично дефинирани за секоја членка во области како дефинирање на визија и мисија, стратегија, менаџирање на проектен циклус, општ и финансиски менаџмент, мобилизација на фондови, подготовка на пријави за повици, тим билдинг, менаџмент на човечки ресурси, фасилитирање на партнерствата од крос-сектор и следење на политики итн.  

Пристапот на сите обучувачи е направен по мерка. Секоја обука е различна од претхoдната, со вметнување на ново и современо знаење и пристапи. На овој начин, учесниците во обуките можат да добијат насоки за независно стекнување на знаење кое тие подоцна ќе го имплементираат во своите организации или во нивниот приватен живот.   

Истражување и анализи

СКСЗМ за своите членки организира подготовка на квалитетни анализи и извештаии во различни области на делување. Нашите консултанти имаат искуство во развој на анализи за создавање и евалуација на политики. Тие имаат потврдено искуство во развој на квалитетни надворешни моментални и финални проценки за спроведени проекти и програми, со имплементација на принцип за независност и објективност.

Ние обезбедуваме консултации за менаџмент со постигнувања за да клиентот или донаторот е осигурен дека поставените цели ќе бидат постигнати ефективно и ефикасно. Нашите консултанти се фокусирани на постигнувањата на организацијата како и на вработените. 

Фасилитирање

Нашата најјака страна е добрата соработка со сите различни сектори. Токму поради ова, внатрешните и надворешните консултанти се вклучени во фасилитирање на настани, за да се обезбеди партиципативно одлучување, кое е од голем интерест за сите заинтересирани страни.  

Share This