Извршна Канцеларија | OEMVP Извршна Канцеларија – OEMVP
Извршна Канцеларија

Дриљон Исени – Извршен Директор

Магистeр на Mеѓународното и европското право во Универзитетот на Амстердам. Има 10 годишно работно искуство како консултант, истражувач и правен експерт во граѓанскиот и владиниот сектор, како и во бизнис заедницата. Се ангажирал во спроведувањето на неколку проекти и управувањето на човечките ресурси. Учествувал во национални и регионални обуки. Неговите области на интерес се: развојот на портфолиото на услуги на комората, вмрежувањето со претставништвата и дипломатските мисии во земјата, управувањето со проекти и човечки ресурси. Во СКСЗМ работи од ноември 2015 година како одговорен за управување со оперативните аспекти, човечките ресурси, мобилизирањето на ресурсите за активностите и проектите, како и за одржување на контакти со институциите, дипломатски мисии и членстово на комората. Oд месец Јули 2017 година е именуван како Извршен Директор на СКСЗМ.

Моментално во СКСЗМ раководи со Извршната канцеларија и одделенијата на комората, го реализира спроведувањето на одлуките на органите на комората, го координира процесот за подготвување и спроведување на проектите, прави планирање на активностите и буџетот на Извршната канцеларија, врши активности предвидени во годишниот план на комората, ја претставува комората во отсуство на претседателот и неговиот заменик, и е одговорен за извршување на работата ефикасно и ефективно. Тој ги исполнува своите обврски во согласност со овластувањата предвидени со Статут и за нив одговара пред Управниот совет на СКСЗМ.

Koнтакт: executive@oemvp.org

 

 

Миљаим Амети – Финансиски менаџер

Дипломиран во смерот Општа Економија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има четири годишно професионално искуство во СКСЗМ. Започна како волонтер во јули 2012 година, додека со работа тргна во ноември истата година. Бил ангажиран како асистент во подготовката на различните каталози, во имплементација на методологиите за избор на „ТОП 100“, во организацијата на разни средби од интерес за бизнис заедницата, за потоа да продолжи со позицијата на финансиски менаџер првин во проектот „3 ЕС- образование, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници“, а подоцна и во рамките на проектот „Заштита на брендот на производи од прекугранична соработка“. Неговиот професионален интерес се врзува за макроекономска анализа, следењето на локалните и регионалните економски политики и истражувањето во светот на бизнисот. Неговите сегашни одговорности во СКСЗМ се занимаваат со финансиско управување, координација на проекти и контактни врски меѓу институциите и членството.

Koнтакт: milaim.ameti@oemvp.org

 

Фатима Бејтулаи Веља – Соработник за односи со јавноста

Дипломирана во Комуникациските науки на Универзитетот на Југоисточна Европа. Има искуство во телекомуникација како поддржувач на корисниците и како раководител на маркетиншките програми и комерцијализација. Во СКСЗМ е од април 2012 година. Работи во секторот за односи со јавноста. Била ангажирана како менаџер на проектот „3 ЕС- образование, вработување, и еднаквост за жените од етничките заедници“. Нејзини полиња на интереси се: односи со јавноста, логистика и управување со проекти. Во моментов во СКСЗМ е одговорна за развивање и спроведување на стратешки програми за односи со јавноста, воспоставување односи со клучните новинари на бизнисот, организирање на прес- конференции, настани, саеми, обуки, презентации, итн. како и одржување на веб-страната на СКСЗМ.

Koнтакт: fatima.vela@oemvp.org

 

 

Мерсим Мемеди – Асистент за Истражување и Развој

Дипломирал на Е-Бизнис департманот на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Ангажиран е како асистент во проектот на УСАИД за “Партнерство за подобра бизнис регулатива”. Исто така, неговиот ангажман во СКСЗМ е поврзан и во истражување и анализа на неколку области кои се дефинирани како стратешки цели на СКСЗМ: подобрувањето на пристапот до финансии преку интегрирање на различни иновативни форми за финансирање, исто така, неговиот професионален интерес се поврзува со макроекономски анализи, како и анализа на домашните и меѓународните политики.

Koнтакт: mersim.memedi@oemvp.org

 

Меритон Арслани, Асистент на пројект

Магистер на Граѓанското право при Правниот факултет “Јустинијан Први”-Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Дипломските студии ги завршил во Универзитетот на Југоисточна Европа како истакнат студент на генерацијата. Има искуство како приправник во Адвокатска канцеларија во Гостивар и во Адвокатско друштво во Скопје. Исто така, бил ангажиран во органи на локалната самоуправа, како и учествувал во низа конференции и обуки во и надвор од државата со фокус на примената и подобрување на законската регулатива и владеењето на правото. Ангажманот во Комората опфаќа давање на правни услуги за заштита на интересите на Комората и нејзините членки, информирање за новините во правната регулатива во областа на стопанството и советување за правни прашања кои го засегаат стопанството. Освен тоа, работи и како правник во проектот на Комората “Партнерство за подобра бизнис регулатива”.

Koнтакт: meriton.arsllani@oemvp.org

Share This