Зголемување на економската соработка и размена на искуства со германските компании | OEMVP Зголемување на економската соработка и размена на искуства со германските компании – OEMVP

Зголемување на економската соработка и размена на искуства со германските компании

23 Февруари 2018 – Претседателот на Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа, денеска ја пречека бизнис делегацијата од Германија предводена од Stephanie Sieg – Tirana Business Park, во соработка со Фатос Мустафа, Претседател на ФМ Консултинг од Тирана.

Дел од оваа делегација беа претставници на реномирани германски компании, кои имаа можност да се информираат за Македонија како бизнис дестинација, за новите деловни контакти и средби со германски и европски институции во нашата земја.

Претседателот Неби Хоџа нагласи дека нашите земји имаат многу можности за соработка и заедничко претставување во разни меѓународни проекти и ја разгледаа соработката на двете земји неопходни за промовирање на странските инвестиции за да влијаат во развојот на туризмот на заедничкиот пазар во балканските земји и пошироко.

Германската делегација изрази посебен интерес за областите на соработка во стратешките сектори и моменталната состојба на економијата во Македонија. Двете страни се согласија дека соработката на сите нивоа, институционалниот, универзитетскиот и технолошкиот развој е долгоочекувана и во голема мера неопходна.

Овој состанок се одржува како резултат на веќе воспоставените добри односи меѓу претставниците на двете земји со цел да се зголеми економската соработка и размена на искуства помеѓу Албанија – Германија – Македонија.

Според програмата, по официјалниот дел се одржаа и Б2Б средби.

About The Author

Related posts

Share This