Заштита на трговските марки од прекуграничниот регион | OEMVP Заштита на трговските марки од прекуграничниот регион – OEMVP
Заштита на трговските марки од прекуграничниот регион

protect_marksОсновната идеја зад овој проект е да се подигне свеста на компаниите од регионот за потребата од индустриска сопственост  како можност да се спротивстави на безмилосната глобална конкуренција. Оваа акција има две цели: прво да се подигне свеста на компаниите за потребата од индустриска сопственост во нивната долгорочна работа и втората заштита на производите со сертификат на  трговска марка со географски назив од областа што ја карактеризира производот со квалитет и карактеристики релевантни на географската област. Овие две цели се тесно поврзани со општата и специфичната цел на Програмата за економски развој на прекуграничниот регион преку промоција и брендирање на услугите и производите од регионот.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во партнерство со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Генералниот директорат за патенти и трговски марки на Република Албанија се одговорни за спроведување на проектот “Заштита на марките на производите од ПГС”, финансиран од Европската Унија.
Проектот ќе се спроведува во Македонија и Албанија.

Општа  цел на оваа акција е придонес кон зголемена конкурентност на бизнисот од прекуграничниот регион  преку промоција и заштита на трговски марки и патенти во Македонија и Албанија;со овој проект се стреми да се постигнат зголемување на свеста кај различните засегнати страни (бизниси, царина, студенти, жители) за заштита на трговските марки и патенти, како и придобивките од нив.

Специфична цел на оваа акција е заштита на локалните трговски марки и патенти на бизниси во прекуграничниот   регион. Индикаторите за постигнување на оваа цел се: поддршка на претприемачите  на малите и средните претпријатија во Полог и Југозападниот регион во Македонија и Корча-Дебар регион во Албанија.

Целна група на проектот ќе бидат:
• претприемачи, микро, мали, средни и големи компании од прекуграничниот регион,
• владините институции како на пример, разни инспекции кои се поврзани со индустриска сопственост, судовите, царините од двете страни на прекуграничниот регион
• локалните власти дека треба да се даде поддршка на географската ознака на производи од регионот
• средношколци и универзитетски студенти – да се создаде култура на почитување на индустриската сопственост и промоција на производи со географско потекло.

Очекуваните резултати од проектот:
1.Основана платформа за промоција- заштита на трговска марка и патенти  во прекуграничниот регион
2 .Поголемо разбирање за трговска марка и патенти  во прекуграничниот регион
3. Промоција на трговската марка и патенти во прекуграничниот регион.

Активности кои се планирани да се преземат во рамките на овој проект се:

1. Основни средби меѓу Стопанската Комора и органите на заштита со трговска марка;
2  Отворанање на инфо поинт канцеларија во рамките на стопанската комора во прекуграничниот регион
3 Организирање на инфо сесии за бизнисите за заштита на трговските марки и патенти
4. Анализа на постоечките брендови и трговски марки во прекуграничниот регион
5.Обука за заштита на трговските марки и патентни за бизнисите во прекуграничниот регион
6.Подготовка на брошура за заштита на трговските марки и брендови за бизнисите од прекуграничниот регион
7.Mедиумска кампања за заштита на трговските марки и патенти во прекуграничниот регион
8.Организирање на конференција за заштита на трговските марки и патенти;
9.Дизајн на интерактивен  веб портал за информирање на бизнисите за зашита на трговските марки и патенти.

Времетраењето на проектот е 18 месеци.