“Економијата за 2018-та година и предвидувања за 2019„ | OEMVP “Економијата за 2018-та година и предвидувања за 2019„ – OEMVP

“Економијата за 2018-та година и предвидувања за 2019„

СКСЗМ го поздравува напорот на државните институции за подобрување на условите за правење бизнис, како и еднаквиот припстап кон домашните компании и странските инвеститори во земјата.

Ја поддржува иницијативата за промената на политиката за казнување на компаниите во едукативен аспект пред тој казнивиот кон бизнисите во предлог законот за Инспекциски надзор.

Во макроекономскиот аспект, во првите три квартали од оваа година, економијата на земјата бележи позитивен раст. Иако во првиот квартал растот на БДП беше минимален, или еднакво со 0,1%, во вториот и третиот квартал растот на БДП беше над 3%, односно во вториот квартал 3,1% и во третиот квартал 3%.

Како резултат на ова, главниот фокус на макроекономски аспект треба да се стави макроекономската стабилност генерално, реализацијата на капиталните инвестиции и поголема стимулација на инвестициите во реалниот сектор кои овозможуваат стабилен и долгорочен економски развој кој е неопходен за нашата земја, земајќи ги предвид аспирациите за создавање на една економија и одржлив пазар кој во иднина треба да биде конкурент на заедничкиот европски пазар.

Во буџетот за 2018 година беа предвидени капитални расходи околу 390 милиони евра, додека до октомври од овие средства беа реализирани 41%. Планирањето на капиталните инвестиции за 2019 е уште повисоко, односно 426 милион Евра, основано на овогодинешното остварување, бизнисите ја земаат како резерва оваа проекција.

Загрижувачки за нас претставува фактот дека и во буџетот за 2019 година, средствата доделени за зоната на Визбегово се само 1 милион евра за канализација и за водоснабдување. Оваа зона придонесува за економијата на земјата со остварување на 342,7 милиони евра Годишен обрт за 2017 година, од вкупно 245 субјекти, кои вработуваат околу 2700 луѓе, како и придонесот на областа Визбегово во БДП се проценува на околу 3,4%.

Вредноста на јавниот долг достигнува 48,2% во однос на БДП. Оваа година постои стабилен раст, но секогаш мора да се има на ум дека траекторијата е многу важна, што значи дека ако има негативен тренд тоа ќе биде стимул и многу позитивен индикатор за деловните одлуки.

Истотака, средствата земени од кредити и позајмување и позајмување треба да се фокусираат на употребата на средствата за продуктивни цели.

Рамномерниот регионален развој е предуслов за развој и економска благосостојба и за намалување на миграцијата на младите во други земји. Оваа година имаме зголемување на износот на средства на 8,3 милиони евра или 2,5% од буџетот, но тоа се уште е далеку од законската обврска за рамномерен регионален развој што експлицитно предвидува дека средствата за рамномерен регионален развој се 1% од БДП, или околу 100 милиони евра.

Реформите во јавната и државната администрација треба да бидат првиот чекор кон економскиот и социјалниот развој на земјата. Затоа ние мислиме дека треба да има: реструктуирање на јавната и државната администрација и назначување на квалитетен и непартиски кадар.

комуникација со државните институции за проблемите со кои се соочуваат компаниите.

Од средбата во јули 2017 со над 100 компании, од една Премиерот и од другата неговата екипа за економски прашања, до Владата адресирани беа 39 конкретни барања за подобрување на законски и подзаконски одредби, од кои само две се остварија.

Како барања на бизнисите кои не можат да најдат решение може да се спомнат се: случајот во Сингелиќ, кадешто се работи за надоместок на штетата на компаниите за проектираните загуби од поплавите, не решавањето на инфрастуктурните проблеми во зоната на Визбегово, иако владата има доделено симболичен износ од 1 милион евра за оваа година, укинување на деталните урбанистички планови на општините, итн.

Затоа, нашиот апел за 2019 година е:

  1. Да се подобри ефикасноста на државните институции за одговор кон барањата на бизнисите;
  2. Отстранување на административни и процедурални одложувања за реализација на капитални инвестиции;
  3. Обезбедување на средства за рамномерен регионален развој од 1% од БДП.
  4. Реформи во јавната и државната администрација со цел да се постигне ефикасноста на администрацијата за да се постигнат подобри резултати;
  5. Државните институции во иднина треба да имаат поинклузивен пристап кон бизнисите, кои стојат за нивните услуги за да се има поголем развој и општествена благостојба;
  6. Не донесувањето на законите со брза постапка без консултација со бизнисите;
  7. Ја оценуваме позитивно целта на Владата за да се изврши регистрирање на населението во Република Македонија, но ние бараме категоријата за регистрирање на националноста да биде негов составен дел, бидејќи културниот аспект е многу важен за пристапот кон потрошувачите.

 

 

 

 

About The Author

Related posts

Share This