Доделени грантови за НВО во рамките на проектот “Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво” | OEMVP Доделени грантови за НВО во рамките на проектот “Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво” – OEMVP

Доделени грантови за НВО во рамките на проектот “Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво”

08 Maрт 2018 – Во рамките на проектот  “Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво” кој го спроведува Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Флоренс Најтингел, беа доделени грантови за  девет (9) граѓански организации.

Граѓанските организации во следните 6 месеци ќе спроведуваат акции кои имаат за цел да ги подобрат меѓуетничките односи во девет мултиетнички општини. Во Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Кичево, Тетово, Куманово, Маврово и Ростуше и Струга, грантистите ќе работат на имплементација на активности опфатени во локалните стратегии за подобрување на мултикултурниот дијалог.  Организациите своите ресури ќе ги насочат кон поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците, подобрување на меѓуетничкиот дијалог помеѓу младите како и јакнење на интерсекторската и интеринституционалната соработка во насока на креирање одржлива мултикултурна демократија.

Aкциите ќе придонесат кон развој на локалната мултикултурна демократија и унапреден меѓуетнички дијалог. Проектот се имплементира од 2016 година и до сега се реализирани бројни активности кои се во насока на остварување на целите на самиот проект, односно унапредување на меѓуетничките односи. Последниот продукт на проектот е „Рамка за мултикултурно планирање “ која има за цел вклучување на мултикултурните вредности и принципи во планирањето и подготовката на политиките и програмите на институциите и организациите при делувањето во мултикултурна средина.

Проектот ,,Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво!“ финансиски е поддржан од Европската Унија, претставувана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

About The Author

Related posts

Share This