Деловна перформанса | OEMVP Деловна перформанса – OEMVP
Деловна перформанса

Photo of hands of businesspeople during discussing

Земајќи ги во предвид потребите на членството за обезбедување точни информации за перформансите на постојните или потенцијалните клиенти, Стопанската Комора на Северо -Западна Македонија(СКСЗМ) на своето портфолио додаде нова услуга наречена Деловна перформанса.

Со оваа услуга, СКСЗМ обезбедува пристап до бизнис информации, кои се вклучени во постојано ажурирана интернет платформата- Бизнис Мрежа, која всушност претставува најголемата база на податоци за правни лица (фирми) во државата и на тој начин овозможува пристап до сите активни деловни субјекти во Република Македонија.

Со вашето барање, ќе ви обезбедиме целосна информација за тековна или мината состојба на домашните компании (од 2006 година навака). Значи, ако барате нови партнери за водење бизнис, ве интересира вмрежувањето на претпријатијата, сакате точни информации и најнови информации за работата на клиенти/ партнери, сакате да знаете како се развивал бизнисот на конкретни компании во минатото, потребни ви се финансиски извештаи за вашите бизнис партнери или податоци за подружниците на вашите клиенти, слободно може да обратите до СКСЗМ и ќе добиете одговор во многу краток временски период.

Услугата Деловна перформанса се состои од неколку пакети посебни услуги. Во принцип, секој побаран пакет има одредени финансиски трошоци. Сепак, за вас како членови на Комората   постои значителен попуст од 20-50% во зависност од пакетот. За да ги видите сите пакети понудени во рамките на оваа услуга, ве молиме кликнете тука.

Сега побрзо и попрецизно од кога и да е, може да добиете информации за било која компанија која од различни причини е во фокусот на вашето внимание.

Се  што е потребно да направите е да не контактирате на нашата e-mail адреса: info@oemvp.orgили на телефонски број : 2 3239 252 и да не известите за информациите кои ви се потребни.

Share This