Делегација од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на чело со претседателот г-дин Неби Хоџа денеска одржаа средба со Стопанската Комора на Косовo | OEMVP Делегација од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на чело со претседателот г-дин Неби Хоџа денеска одржаа средба со Стопанската Комора на Косовo – OEMVP

Делегација од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на чело со претседателот г-дин Неби Хоџа денеска одржаа средба со Стопанската Комора на Косовo

Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македoнија г-дин Неби Хоџа, заедно со делегацијата од Комората денес одржаа средба со Стопанската Комора на Косово. Тие се сретнаа со претседателот на Стопанската Комора на Косово, г-дин Берат Рукичи како и со делегацијата на СКК, каде се зборуваше за различни теми, додека фокусот беше на зголемување на соработката и на капацитетите на двете комори како претставници на бизнисите, преку создавање на верни односи и заемна помош во етаблирањето на двете институции како лидери во заштитата на интересите на компаниите во земјата.

СКСЗМ и СКК се две институции кои како цел го имаат и зголемувањето на капацитетите на компаниите преку меѓугранична соработка. Оваа соработка ќе се постигне преку организација на заеднички активности, работа што ќе влијае во подобрувањето на условите за бизнис помеѓу Македонија и Косово, но и ќе се направи добра промоција на условите за правење бизнис во овие две земји и во поширокиот регион.

Во име на добрите односи помеѓу двете комори, г-дин Неби Хоџа им додели и симболичен подарок, со елементи на градот Скопје. СКСЗМ има намера да служи како мост меѓу нашите членки и компаниите во регионот, со цел промоција со нашите напори за постигнување поголем успех преку подобрување на условите за водење бизнис и отворање нови пазари за компаниите.

About The Author

Related posts

Share This