Делегација од СКСЗМ одржа средба со ректорот на УЈИЕ | OEMVP Делегација од СКСЗМ одржа средба со ректорот на УЈИЕ – OEMVP

Делегација од СКСЗМ одржа средба со ректорот на УЈИЕ

Делегација од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, на чело со претседателот г-дин Неби Хоџа, реализираа средба со новиот ректор, кој го презеде постот ректор на почетокот на оваа академска година.

 

За време на средбата се дискутираше за бројни прашања во врска со соработката меѓу СКСЗМ и УЈИЕ, особено за зголемување на нивото на професионализација на новите кадри. Соработката со високообразовните институции во земјата претставува многу важен мост во процесот на успешно и плодно функционирање на комората, бидејќи професионалните кадри во образованието своите корени ги имаат во високообразовните институции. Тргнувајќи од овој факт, СКСЗМ ја вреднува високо работата на високообразовните институции и нивната улога што тие ја имаат во зголемувањето на нивото на развој на компаниите во иднина. Развојот на квалитетот на образованието е предуслов за економски развој во земјата, подготвувајќи квалитетни генерации со потребен квалитет и во согласност со барањата на пазарот кои се рефлектираат во барањата на компаниите.

Профилирањето и професионалната обука на студентите е гаранција за квалитет на услугите во бизнисите кои работат во земјата. Затоа, благодарение на досегашната соработка, претседателот на СКСЗМ го насочи барањето за понатамошна соработка и посочи на потребата за негово подобрување со цел промовирање на креативни и иновативни вештини на студентите преку практикантсво во компании. Претсетаделот Неби Хоџа ја нагласи потребата за следење на современите технолошки развоји бидејќи тие се од суштинско значење, па затоа компаниите членки на СКСЗМ се подготвени и имаат капацитет да ги обучуваат студентите со цел да бидат обучени во практична смисла за истите да бидат поконкурентни на пазарот на работа и во иднина  да ги задоволуваат потребите и барањата на компаниите во однос на нивните вештини за работа.

 

About The Author

Related posts

Share This