Дебата за утврдување на приоритетите за економски развој во Македонија

04 Април 2018  – Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија Неби Хоџа денеска учествуваше на дебатата организирана од Државниот Универзитет на Тетово на тема  “Утврдување на приоритетите за економски развој во Република Македонија”. На оваа дебата присуствуваа универзитетски професори, експерти од областа на економијата, претставници на Министерството за економија, претставници на економски претпријатија, претставници на банкарскиот сектор, бизнисмени и студенти.

Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа, рече дека во поглед на утврдувањето  на приоритетите за економски развој во нашата земја, и покрај многуте наши барања и предлози, како глас  на бизнисот  и економските експерти од универзитетите, за да постојат утврдени  приоритети  за раст и економски развој, сè уште не успеавме да имаме среднорочни и долгорочни стратешки документи за такво нешто.

“Овој процес, исто така, може да започне со трансформација, со цел да генерира производи кои имаат  поголема вредност  и посовремена  технологија во производните процеси. Столб на оваа трансформација ќе биде иновацијата и градењето на капацитетите на претпријатијата, покомплетирана мрежа од сродни индустрии за да ги искористат синергиите, зелената технологија, одржливо  производство и диверзификација на извозниот и увозниот пазар “, рече Неби Хоџа, претседател на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.

Деканот на Економскиот Факултет, проф. Д-р Раман Исмаили рече дека главната тема на овој собир е доста комплексна и мултидимензионална по самата своја природа, имајќи го предвид фактот дека во многу аспекти Република Македонија се уште е на раскрсница, не само поради надворешните предизвици со кои се соочува државата, но воедно и благодарение на проблемите и тешкотиите во внатрешниот план.Според него, овие проблеми, покрај политичката димензија, во голема мера  во себе го преплетуваат и економската димензија, како една од основните области на гарантирање на функционалноста на современа демократија во широка смисла на зборот.

Меѓу другото, беше кажано дека оваа дебата  се стреми кон  создавање на  академска и научна платформа која ќе биде достапна со сите свои академски и интелектуални капацитети за да пронајде и да обезбеди соодветни  и применливи алтернативи за ефикасно канализирање на економските мерки во насока на поттикнување на поинтензивен економски и целокупен општествен развој воопшто.