Развој на капацитетите на СКСЗМ | OEMVP Развој на капацитетите на СКСЗМ – OEMVP
Развој на капацитетите на СКСЗМ

ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Зголемување на репутацијата и кредибилитетот на СКСЗМ кај постојаните и потенцијалните членки и во јавноста.

Показатели

– Зголемено членство на СКСЗМ во 2011 за 40% во однос на 2008;

– СКСЗМ е една од водечките бизнис асоцијации во Република Македонија.

Цел на проектот

Целта на проектот е да помогне во зголемување на бројот и квалитетот на услугите кој ги дава комората со што ќе резултира со зголемена репутација комората во пошироката јавност а особено кај компаниите.

Показатели

– Зголемен број на услуги кои СКСЗМ ги дава во 2001, во однос на 2008 година;

– Број на иницијативи за законски и други промени во кои СКСЗМ е вклучена од страна на Владата;

– Зголемен број на МСП кои комората ја гледаат како институција која ги штити нивните интереси и пристапуваат во членство.

  • Целна група, целно подрачје и локација

Целна група е Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија незините сегашни и идни членки. Целно подрачје е северо западниот дел на Македонија.

  • Очекувани резултати

Со реализирање на  овој  три годишен проект, кој опфаќа активности директно извлечени од Стратешкиот План на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија како и од Проценката на капацитети на СКСЗМ направено во 2007 година, се очекува да постигната следните резултати:

– Подобрен кредибилитет и репутација на СКСЗМ како значаен фактор кој ја претставува бизнис заедницата во Македонија;

– Зголемено и подобрено портфолио на услуги;

– Афирмација на активностите кои ги спроведува комората, афирмирање на компаниите членки на СКСЗМ а со тоа се очекува и привлекување на нови членови во комората.

Временски период  Jуни 2008 – Jуни  2011 година

Проектот е поддржан од страна на МРФП

Share This