Бизнисите дискутираа за реформите за јавни набавки | OEMVP Бизнисите дискутираа за реформите за јавни набавки – OEMVP

Бизнисите дискутираа за реформите за јавни набавки

22 Февруари 2018 – Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со Министерството за финансии на Република Македонија и Бирото за јавни набавки на РМ, организираа информативен настан за јавните набавки на  тема “Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на Законот за јавни набавки”. Настанот овозможи интерактивна дискусија и размена на искуства помеѓу сите присутни со цел да се дојде до заклучоци за надминување на можните бариери и изнаоѓање на соодветни решенија како и можни подобрувања на новиот Закон за јавни набавки.

Министерот за финансии на Република Македонија, Драган Тевдовски ги претстави реформите во јавните набавки и се вклучи во дискусијата со бизнис заедницата. На настанот се обрати и Директорот на Бирото за јавни набавки на Република Македонија, Ѓорѓи Георгиевски кој одблиску успеа да ги чуе мислењата на бизнис заедницата во врска со можните подобрувања на новиот Закон за јавни набавки. Предавачи на информативниот настан беа истакнати експерти во наведената област, кои го презентираа до компаниите нацрт текстот на новиот Закон за јавни набавки и поттикнаа дискусија со присутните. Предлозите од бизнис заедницата по завршувањето на информативниот настан ќе бидат дополнително разработени и доставени до Владата на Република Македонија.

Ова е втората инфо сесија од вкупно предвидените три во областа на јавните набавки. Притоа ќе бидат опфатени и други градови од Република Македонија каде ќе се дискутира на истата тема, со цел опфаќање на поголем дел од бизнис заедницата, институциите и експертите кои ги засега областа јавни набавки.

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите засегнати страни. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.

About The Author

Related posts

Share This